Скалата измери силен земјотрес од 6.7 рихтер близу Кос Грција

земјотрес од 6.7 рихтер близу островот Кос превртен автомобил

Овој земјотресен ден се очекуваше и се предвидуваше ,а истиот е претходно објавен на неколку места(ФБ,блог). На Тв медиуми пред неколку месеци , беше кажано дека југот на Балканот јули и август 2017 го очекува силен земјотрес постои моја изјава на видео запис јавно презентирана. Нареднава недела можеби Сан Андреас раседот во западниот брег на САД и потегот кон Мексико(Централна Америка) да забележи посилен потрес кој поминува 6.3 степени по рихтер.Оваа зона веќе е раздвижена по умерено силниот земјотрес од 5.8 степени.

Земјотрес од 6.7 по рихтер во близина на островот КОС грчко турска зона јули 2017 

Најмалку 12 последователни афтершокови го следеа силниот земјотрес од 6,7 степени грчкиот остров Кос во морето помеѓу Грција и Турција.Регистрирана длабочина е околу 10-тиот километар , а засега се јавува за две жртви шведски и турски државјанин.Скалата на земјотреси кои го надминуваат 6 степен ,а се во распон до 6.9 рихтерови е за силен земјотрес. Се јавува за повеќе оштерувања на објекти ,како и напукнувања на црква и џамија.разурнати верски објект џамија и црква по земјотрес од 6.7 рихтер

Повеќе чамци се оштетени ,додека еден пат се урнал по повратниот удар предизвикан од благо цунами како последица на силниот земјотрес.Населението е видно вознемирено и ноќта ја помина на отворено, заедно со околу 200.000 туристи , кои беа на островот за време на земјотресот.Претходно на овој земјотрес имаше тектонско раздвижување на тлото на југот на Балканот , а жителите на Охридско преспанскиот регион беа видно вознемирено од земјотреси во распон од 3 до 5 степени по рихтер.

Comments

6.7 рихтер епицентар на помеѓу Кос и Бодрум мапа

Епицентарот на земјотресот се наоѓал во областа на морето помеѓу островите Родос и Кос,а во близина на турскиот брег.За астро анализа еве податоците
 
M 6.7 - 10km југ-југоисток од Бодрум ,Турција
20-07-2017 22:31:12 UTC 
локација 36.949°N   27.458°E
длабочина 10.0 km
мапа со локација на епицентарот од земјотресот на островот Кос Грција