Ведски системи на предвидување аруда пада

Повеќето Џотиш астролози во своите коментари на системот за предвидување на  Џаимини истакнуваат дека најпрво мудрецот Парашара го има пренесено во најкуса форма на знаење во „Брихат парашара Хорашастра“ , но Џаимини го има доведено на ниво на практична примена.Поглавјата 29 и 30 ги објавуваат со „вирусно“ знаење овие информации за влијанието на „сенкитена планетите во однос на зодијакот. Во Прашна Марга ,аруда се спомнува во неколку различни контексти,но на прво место е влијанието преку поставеното прашање, односно знакот на кој се крева во моментот на Прашна или поставување на прашање упатено до астролог. Овој момент е поврзан со правците на светот кога се крева лагната(подзнакот), дишењето кое поминува преку левата и десна ноздрва( идата или пингалата) , нимита предзнаците (вибрација,звук,мирис,вкус,облик,боја итн.). Аруда терминот подразбира однос или дистанца на планетата(граха) во однос на нејзиното планетното седиште во хороскопот.
 
12 позиции на аруди во бха чакра-зодијакот
 
1 Лагна Пада (најчесто се вика само Пада) Аруда - првиот дом АЛ(AL)
2 Дана (Витта) Пада Аруда на втора куќа; А2
3 Викрама (Бхратру) Пада Аруда на трета куќа; А3
4 Матру (Сукха) Пада Аруда на 4-та куќа; A4
5 Путра (Мантра) Пада Аруда на 5-та куќа; A5
6 Рага (Сатру) Пада Аруда - 6-та куќа; A6
7 Дара (Калатра) Пада Аруда на 7-та куќа; A7
8 Мритју (Марана) Пада Аруда на 8-та куќа; А8
9 Питру (Бхагја) Пада Аруда на 9-та куќа; A9
10 Карма Пада Аруда на 10-та куќа; А10
11 Лабха пада Аруда на 11-та куќа; А11
12 Вјаја пада Аруда на 12-тиот дом,куќа; A12
 
Аруда во слободен превод подразбира да се крева високо,да достигне,да префрли-превземе ,да навлезе ,да изгрева-да се крева.Зборот  пада значи четвртина но исто така се преведува како "стапало" стапка ,отисок.
Оттука влијанието на одразот на планетата е примарна во донесување на заклучок за влијание во секторот (зодијачкото поле) кое превзема осцилации.Аруда исто така го користи терминот одраз,огледална слика или рефлексија.
 
Аруда пресметана од Месечината и кратенка се доделува ознака М
 
1 Месечевата Аруда Пада; Аруда на Месечината ML,MAL
2 Дана (Вита) Пада; Аруда на 2-рата куќа; М2
3 Викрана (Батру) Пада; Аруда од третата куќа; М3
4 Матру (Сукха) Пада; Аруда на 4-та куќа; M4
5 Путра (Мантра) Пада; Аруда на 5-та куќа; М5
6 Рога (Сатру) Пада; Аруда на 6-та куќа; М6
7 Дара (Калатра) Пада; Аруда од 7-та куќа; М7
8 Мурта (Марана) Пада; Аруда на 8-та куќа; М8
9 Питру (Бхагја) Пада; Аруда на "9-та куќа; M9
10 Карма Пада; Аруда на 10-та куќа; М10
11 Лабха Пада; Аруда од 11-та куќа; M11
12 Вјаја Пада; Аруда на 12-та куќа; M12