Предвидена економска подршка

Предвидена е финансиската подршка за излез од економската криза на Република Грција ,а истата е понудена од нејзините сојузници од ЕУ и светот.Ова предвидување беше објавено во декември 2009 (на веб страната и на алсат ТВ) цитирам: 

Во јануари-почеток на фебруари следи јавна подршка на политиката на папандреу од сојузниците на р грција преку финансиска подршка од ЕУ.Проблеми на Папандреу во фебруари-март,притисок на јавноста заради некои случувања поврзани со нејзините соседи.

оваа вест може да се потврди од повеќе новински и интернет медиуми и не е потребно посебно да се коментира даденото предвидување.Само како илустрација во моментот кога се пишуваше ова предвидување (декември 2009)членките на ЕУ водеа дебата, дали да ја казнат економската политика на Грција и не беа оптимистички прогнозите за економска подршка.

Остаток на предвидување е за потешкотии на Папандреу кои следат околу младата месечина по 14 и 28 фебруари како и после 13 март, а тоа подразбира и обраќање до јавноста со информација која може да предизвика незадоволство кај граѓаните и притисок на медиумите врз неговиот кабинет. Овие денови воедно се и проблематични кај премиерот на Република Македонија Груески и извесни се потешкотии во парламентарното собрание,а за опозицијата ова се денови на притисок кон власта.Весниците и ТВ медиумите ќе имаат многу работа за да ги покријат настаните во овие денови.

Како и да е горното предвидување е подготвено од Симеон Атанасоски со помош на Ведската (индиска) Астрологија позната како Џотиш.