двомесечен хороскоп

Двомесечен хороскоп мај-јуни 2010

Потребно е да го знаете Вашиот знак по источна(индиска) астрологија за подобар
квалитет на хороскопот.Најпрво проверете дали сте во позитивната односно негативната група за наредниве 2 месеци,а потоа прочитајте за Вашиот  знак.

Дневен хороскоп по индиска метода со индиска натална карта може да прочитате доколку испратите смс на 078 310992 со содржина dd.mm.gggg, каде dd.mm.gggg е Вашиот датум на раѓање. Цената на користење на услугата .

Овен:Во месец мај следуваат убави вести преку пријателите ,па извесна е соработка и напредок на професионален план.До успехот ќе дојдете со засилен работен ангажман и Вашата вродена истрајност и упорност како и лидерски способности.Јуни ќе го наплатите Вашиот труд и следат планови за одмор.Во љубовта припазете се од љубоморни испади ,пред се од близок познаник –пријател.

Бик: Припазете се во средината на месец мај на емотивен или здравствен план-можни се потешкотии.За да ги избегнете истите, работете одговорно во истиот период и не дозволувајте да ви заостануваат пристасаните обврски.Јуни е поволен доколку владеете некој странски јазик,компјутери или занает.Бидете активни можен е деловен ангажман.Во љубовта поволни денови околу 22,24 31мај,19,22 и29јун.

Близнаци:Првата половина од мај донесува исполнување на зацртаните цели ,како и плоден период поврзан со блиски пријатели.Крајот на мај внесува мала конфузија,доколку прифатите повеќе работни обврски,а не можете да ги
реализирате.Се советува да внимавате на квалитетот на услугите кои ги нудите,пред се во последнита недела на мај и јуни.Мај е поволен за изјавување на љубовни чувства,а во јуни припазете се доколку сте во брак.

Рак:Наредниов 2 месечен период е поволен на деловно поле и се советува да
ризикувате во промените-барање нова работа,превземање одговорност или нова
инвестиција.Потоа енергијата опаѓа,па корисно е да планирате на кус рок.Кога е
поволно во работата ,следи и емотивна подршка од пријателите и секако во
љубовта.Следат убави моменти со саканото лице и едно убаво патување. 

Лав:Период на важни одлуки.Постои можност за клучен договор и деловна соработка и доколку реагирате правовремено ќе бидете задоволни од развојот на настаните.Мај е поволен за деловни патувања и соработка со странци,додека
Јуни е активно полето на професија,можни признанија и награди,добивање стручна
оспособеност,сертификат и сл.Припазете се од љубовна афера.

 Девица: Мај е неповолен на здравствено поле(доколку имате тегоби) па се советува водење здрав живот.Последната недела на мај ,планетната енергија се подобрува и извесно е забрзано решавање на некои Ваши потреби,пред се на деловно и образовно поле.Јуни е поволен да се јавите на оглас каде се бара познавање на странски јазик,компјутер и сл. Постои опција и за соработка со лице од внатрешноста.Љубовни пресврти околу14,27мај,12и26јуни.
 
Терезија: Мај месец ќе постигнете  договор на деловно поле и извесна е раздвиженост во полето на работа.Можно е патување ,кое доколку го прифатите ќе бидете задоволни од развојот на настаните.За вашиот знак наредниве 2-3 години се големи животни промени,па се советува мудро да инвестирате во јуни.Совет: Планирајте и делувајте на кус временски рок.

Скорпија: Подгответе се важни настани при крајот на мај,кои се од семејна или деловна природа.Можно  е да учествувате на важен собир,кој ќе ви донесе нов предизвик на деловено поле.Доколку се потпрете на совети од лица во кои имате доверба,периодов е стабилен и следат поволни финансиски вести.Во јуни сексуалниот живот е во пораст.

Стрелец:Мај месец лесно може да се вљубите или Вашиот емотивен живот да бележи нагорна линија.Извесна е раздвиженост и во полето на работа,па следат нови контакти и предлози за деловна соработка.Јуни месец активно е полето на договор,а тоа подразбира ставање Ваш потпис , за Вас важни документи.Обидете се во игри на среќа во првата недела од мај или јуни.Можна мала добивка.

Јарец:Активности поврзани со Вашиот се во мај ,па извесна е некава инвестиција,адаптација,реновирање и сл.Можно е да размислувате дали да
купувате-продавате некаков алат или превозно средство.Доколку се одлучите на ваква инвестицијаПодобар период е јуни.Вашиот емотивен живот се подобрува пред самиот леттен старт,па следи почетна врска кај помладите и стабилизирање на постојната врска.
 
Водолија: Треба да имате повеќе разбирање за проблемите на Вашите блиски,па извесно е подобрување на севкупната состојба во домот, пред се доколку се зафатите ветеното  да го реализирате.Емотивниот живот без значајни промени освен во деновите околу14,27мај,12и26јуни.Доколку сте во погоре дадената позитивната група ,љубовниот живот бележи нагорна линија.

Риби: Доколку политичките случувања не ги променија Вашите планирани активности наредниов 2 месечен период е стабилен и ќе напредувате во реализација на поставените цели.Се советува да побарате помош од близок роднина ,кој посебно во јуни може да ви помогне да напредувате.За да го подобрите љубовниот живот
зголемете ги контактите во попладневниот период во првата и последната недела од
мај-јуни.