Prikazna za Saturn 6 del

 Кралот Чандрасена ја слушнал приказната од трговецот и му се обратил на Викрама: „Врати го ѓерданот веднаш!“ Викрама одговорил: „Не сум го украл ѓерданот и не знам ништо за него, во заблуда сте дека сум го украл, се е ова поради тоа што Богот Сатурн ми се има налутено. Јас не сум крадец, но ако сакате сметајте ме за крадец, но покажете малку милост кон мене.“ Кралот Чандарсена уште толку го налутил овој негов говор и рекол: „Ти измамнику, суште не ја признаваш кражбата.“ Кралот Чандрасена бидејќи бил под влијанието на Сатурн во тој момент сурово им заповедал на стражарите да му ги исечат рацете и стапалата и да го исфрлат надвор без да му даваат вода и храна. Таков искасапен кралот Викрама се виткал од болка и силно офкал. Бил фрлен во шумата. Се наоѓал во некаква полужива состојба, испуштал чудни, дури страшни крици на болка. Не можел дури ни да размислува во каква мизерија се нашол од преголемата болка. По некое време кралот Чандарсена прашал дали крадецот е мртов. Неговите слуги одговориле дека сеуште не е мртов, но дека набргу ќе умре, никој не можел да опстане со исечени раце и стапала, и на толкаво крварење.

Но кралот Викрама преживувал. Ако умрел, Сатурн не ќе можел да продолжи да го измачува и да го научи на лекција. Викрама толку страшно стенкал и лелекал што дури и животните од шумата се исплашиле од него и не му се доближувале. На тој начин бил заштитен од дивите изгладнети животни. По еден месец Сатурн малку се смилостил над него и во срцето на кралот Чандарсена вродил малку милост. Чандарсена повторно ги прашал слугите како е крадецот, дали умрел до сега, а тие му одговориле дека е едвај жив. Кралот од тој ден им наредил секој ден да му даваат малку храна и вода. По некое време болката на кралот Викрама стивнала и тој полека си ја враќал силата, но сепак бил сакат и секој обид да се придвижи му предизвикуввал голема тешкотија и болка.

 

Така поминале две години. Еден ден од таму поминувала една девојка која живеела во Уџајини, тука дошла да го посети својот свекор. Кога го здогледала кралот Викрама викнала: „О, голем кралу, што правите вие тука!“ Викрама одговорил: „Честита жено, сè ова се должи на мојата лоша карма. Богот Сатурн многу ми се налути и сега сум казнет на овој начин. Викрама не мислејќи повеќе на сопствената состојбата во која се наоѓал бил загрижен за областа со која владеел, како опстојува неговото кралство и прашал: О, сестро, дали е се во ред во Уџајини?“.

Жената се натажила и одговорила: “Да, кралу, во Уџајини се е во ред. Но како што кажавте, не можеме да побегнеме од сопствената карма. Ајде сега ќе Ви помогнам да седнете во мојата запрега и да дојдете со мене.“ Жената го однела кај трговецот пресувач на масло, нејзиниот свекор. Тој зачуден кога ги здогледал ја прашал: „Ќерко што си ми го довела овој осакатеник? Кралот Чандарсена нареди никој да не му помага, за ова може сега да не казни“. „Ох, татко, послушај ме те молам, ова не е крадец, ниту измамник, ова е кралот Викрама од Уџајини, поради неговата лоша судбина тој е казнет на овој начин. Тој владееше многу правично во Уџајини“. Таа му ја раскажала целата приказна на својот свекор. Кога го слушнал ова пресувачот на масло бил зачуден и со цел респект му се понудил на кралот Викрама за да му помогне.

Следниот ден пресувачот на масло отишол кај кралот Чандарсена да му каже дека осакатеникот е кај него, дека тој се смилостил и дека го зел кај него и деке доколку тој дозволи овој ќе го задржи во неговата куќа и ќе го храни. Кралот Чандарсена убаво го ислушал и се согласил со неговото барање.

Кралот Викрама му рекол на пресувачот на масло на никого да не му кажува дека тој е крал. Човекот му рекол: „Во ред, од сега ќе те седнам на пресата и цел ден ќе можеш да седиш таму и да го цедиш маслото. Единствено ќе треба да одржуваш рамнотежа, за да не паднеш.“ Кралот Викрама задоволен се согласил. Секој ден седел врз мелницата од каде што се цедело маслото. Сопственикот на мелницата за масло го обезбедувал со храна, вода и покрив над главата.

Поминале неколку години.

 

Како што минувале овие години кралот Викрама си пеел секој ден за побргу да му мине денот. Тој бил надарен музичар, со одличен слух, но до тогаш немал време и можност да го изразува овој свој талент, бидејќи имал премногу обврски владеејќи со Уџајини. Ги знаел сите класични индиски песни. Еден ден ја пеел Рага Дипака (класнична индиска песна). Ја пеел толку од срце со неговиот прекрасен глас што таа неверојатна енергија предизвикала да се запалат светилките во градот. Токму во тој магичен миг принцезата Падмасена (ќерката на кралот Чандарсена) се наоѓала на нејзиниот балкон и била очевидец на таа неверојатна енергија, слушајќи го тој прекрасен глас. Ги запрашала своите слуги: „Кој направи да се запалат сите лампи во градот? Одете, истражете!“

продолжува....