Prikazna za sade sati na planetata Saturn 3 del

 Сите кралеви колку и да се моќни потклекнуват пред Сатурн. Дури и сите Божества се во паника кога тој доаѓа.“ Како и самиот Сатурн и неговиот претставник бил висок, црн, слаб, со црвенкасто кафени очи, долги заби и нокти, истакнати вени, повлечен стомак, долга брада, густа коса. Тој бил суров авторитет, неговиот втренчен поглед кој е насочен надолу е крајно заплашувачки. Неговиот метал бил железото, а драгоцен камен синиот сафир. „Тој господари со жилите и нервите во телото, со западот, неговиот ден е сабота (анг. Saturday), а соѕвездиејата на Јарец и Водолија. Познат е како Спориот, Син на сенката, Црниот, Бескрајниот, Контролорот. Неговиот поглед може да уништи.“ Претставникот продолжил: „Доколку се надевате дека може да се заштите од дејствијата на Сатурн врз вашиот живот, давајте жртви во сабота и не заборавајте: Сатурн е Бог на праведноста и на смртта.“

Откако заминал претставникот на Сатурн, меѓу публиката завладеала чудна тишина. Овој молк бил прекинат со влегувањето на претставниците на Раху и Кету, двете најужасни планети. Овие лунарни јазли се појавуваат особено кога има помрачување на сонцето од месечината. Едни велат дека Раху го измачува Сонцето, а Кету, Месечината. Претставниците на Раху и Кету почнале да зборуваат: „Раху и Кету го замрачуваат животот на живите битија, тие никого не поштедуват. Среќни се оние кои им се поклонуваат, бидејќи овие две се познати како исклучително сурови лунарни јазли. Од најголемо значење е да се обожуваат. Кога е задоволен Раху пружа милост и ги отклонува болестите и стравот од змија, додека задоволниот Кету дава трансцедентална мудрост.“ Раху владеел со оловото и скапоцениот камен ахат, додека Кету владеел со земјата и тиркизот. Името на Раху означувало: Полутелесен, Секогаш гневен, Змија, Гонител, Страшниот, Црниот, Заплашувачот, Моќниот, Крвавоокиот. Додека на Кету значело: Шилестиот, Главата, Шефот.

„Поклонувајте им се на Раху и Кету, двете лунарни јазли кои како сенки кои им го помрачуваат умот на оние кои не им се поклонуваат.“

 

Откако се претставиле застапниците на сите планети дошло време да се донесе одлучи која од планетите е најмоќна. Сите луѓе размислувале и зборувале моѓу себе за тоа. Секој имал свој фаворит. Многумина се колебале, се двоумеле, но одговорноста за конечната пресуда , која од планетите е најмоќна, припаднала на кралот Викрама.

Кралот размислувал длабоко за сите планети, за нивните моќи, хероизам, благородност. Но повторно и повторно неговиот ум се враќал кон Сатурн и неговата екстемна суровост. И така одеднаш ја изговорил следнава реченица: „Подобро да немаш син воопшто, отколку да имаш син како Сатурн. Штом господарот Сатурн го измачувал својот сопствен татко, тогаш би измачувал секого.“

Во тој момент Сатурн летал со својата кочија и ги слушнал овие зборови на кралот Викрама. Во тој момент тој експресно се спуштил на Земјата и влегол во холот каде што заседавале за моќта на планетите. Кога го виделе сите се стаписале, им се исушиле усните и гласот од страв.

Има моменти кога сакаме да ги повлечеме изговорените зборови, таков бил овој момент за кралот Викрама, чие срце од страв било дојдено во петици. Но изговорените зборови не можат да се повлечат. Кралот Викрама паднал пред нозете на Сатурн со целосна почит, одржувајќи храбар лик, но неговата судбина веќе била запечатена. Тогаш Сатурн проговорел: „Ооо Викрама, ме навреди пред целиов овој собир без дури и да ја знаеш целокупната моја моќ и капацитет. Знаеш ли дека сите Богови клечат и треперат пред мене, знеш ли дека на кого јас ќе му се налутам тој ќе биде целосно уништен. Но тоа што не го знаеш е дека од тој што ќе ме навреди ништо не останува, ниту неговото име, никаква трошка што ќе потсетува на него. Летајќи над небото слушнав дека зборуваш за мене со гадење. Јас сега ќе влезам во твојата ѕвездена констелација, а тоа значи дека во следните седум и пол години ти нема да имаш друг избор туку добро да научиш кој сум ЈАС! Наского ќе почувствуваш какви се навистина моите моќи!“

„Месечината останува во зодијачката констелација само два и четврт дена; Сонцето, Меркур и Венера, по еден месец; Марс еден и пол месец; Раху и Кету осумнаесет месеци; Но јас останувам 30 долги месеци исполнети со мизерија, дури и за најголемите Богови. Кралу Викрама, добро подготви се за несреќа!“

Во тој миг Богот Сатурн одлетал кон небото. Кралот Викрама држејќи се за неговите нозе паднал и извикал: „О Богу Сатурн, прости ми за оваа навреда, те преколнувам! Имај милост!“

Сатурн слушајќи ги овие зборови се обѕрнал и рекол: „Ако ти покажам милост сега, ти никогаш нема да можеш да стекнеш лично сознание од мене. Мора барем еднаш да ја почувствуваш мојата моќ, инаку твојот безобразлук никогаш не ќе те напушти!

Кажувајќи ги овие зборови Сатурн се вратил со својата кочија во вселената влегувајќи во неговата област на владеење.