евровизија2004

Атанасоски Симеон Тоше Проески Евровизија 2004 Истанбул учесници: Тоше Проески,Тамара Тодевска,Јован Јованов,Александар Масевски Иван Мирчевски,Љиљана Петровиќ,Ношпал,Сретен... полуфинале 12 мај 2004 Истанбул -„Абди Ипекци Арена“ финале 15 мај 2004 Истанбул -„Абди Ипекци Арена“ ИНА-Тоше Проевски Месечина Девица Сонце Овен Подзнак Јарец Џотиш –Индиска астрологија Редок хороскоп вистинска ѕвезда Тоше Проевски е роден под влијание на месечината во Девица или по индиски Канија,а среќната ѕвезда на раѓање е Хаста.Симболот за оваа ѕвезда е рака која нешто придржува ...,а психологијата и нејзиното влијание е поврзано со способноста „нештата“ што не опкружуваат да се доведат под своја контрола. ХАСТА среќната ѕвезда на Тоше Проевски Да се биде насмеан,да се шири ,да се биде весел,да се биде отворен,радост,да потикнува други,да има,да прогласува свети луѓе,да даде дозвола,да се осигура,да биде надлежен ,власт ,контрола да се надвиши ,да се престигне,да се стимулира,да се изработуваат ситни предмети,ракопис-калиграфија,да покажува тело,да дава живот,да делува со аналитички ум,боја-зелена и жолта * * * *

Подзнакот во индиската астрологија(Лагна) кај македонската пеачка ѕвезда ,Тоше Проески е во Овен а јогакарака планетата Марс е високо поставена на зенитот во јарец формирајќи ја кралската Ручака јога.Малкумина се родени со ова силно планетарно влијание,а тоа ветува познатост, признанија слава и успех во сите четири правци од местото на неговото раѓање.Во навамсата една од 16-те индиски помошни хороскопски карти т.н.„срце“ на хороскопот имаме слична позиција.Сонцето е во Овен местото на неговата егзалтација,додека Марс е во Лав создавајќи ја моќната паривартана јога- која дава слава и близина на моќни и богати луѓе.Ова е само дел од неговиот силен хороскоп (џатака)кој ја формира Маха панчапуруша јога ,која дава предодреденост и водење главен збор во полето на избраната професија.Тригонот помеѓу Сонцето и Месечината во Хаста дава успешни пејачки ѕвезди! * * * * * Ова мало потсетување на неговата натална карта е вовед во настанот наречен Евросонг 2004.Македонскиот представник,треба да ги покаже своите музички квалитети на првата полуфинална вечер на 12мај, за да со евентуален успех ,обезбеди учество во финалето,закажано за 15 мај во„Абди Ипекци Арена“ во Истанбул.После десетина натални карти кои се анализирани,а во недостиг од време за посериозна студија се обидов да дадам некои претпоставки,сугестии или прогнози ,повеќе од забавен карактер. Едно е извесно!Полуфиналната вечер,кај нашиот представник може да донесе за нијанса послаба планетарна подршка отколку за време на финалната вечер.Тоа подразбира „астролошка“ претпоставка,да Тоше си ја заврши работата како вистински професионалец,и да ги добие симпатиите кај гледачите,но да при гласањето и „политиката“ околу истото, се провлече низ „иглени уши“ за финалната вечер.Да се надеваме дека нема да има политика,при гласањето,бидејќи тоа може неповолно да се одрази на неговиот пласман!Треба да се внимава на некакви „рокади“(да не се прават измени)пред самиот настап,бидејќи заради неувежбаност на истите може да се одрази на сценскиот ефект и да допринесе за завршното оценување(бодирање).Посебен совет,за полуфиналето е да се манифестира пријателско и едноставно однесување,бидејќи „планетните фрекфенции“ делуваат преку месечината во Водолија.Таа од своја страна допринесува за изгледот на учесниците на евровизија 2004 да биде дијаметрално спротивен од футуристички до едноставен,лежерен и приемчив за широките народни маси!

Доколку се повика на оваа енергија ,таа насочува да успехот во вечерта е поврзан со „челично“ сина нијанса на боја,како и ултрамодерна (ејпл мекинтош)сина,сафирна или златно-кафена.Слогови на песната(или на учесниците) што носат посебен успех се ..ра..,..си..,..са..да.., ..ди...Интересно е да видиме дали меѓу подобро пласираните,ќе бидат овие слогови. Тоше,заедно со Александар Масевски и Иван Мирчевски имаат сончев знак и Меркур во упорниот и амбициозен јарец,додека моментните планетни влијанија од астролошкиот аспект на квадрат се доближуваат до тригон,но при крајот на мај.Тоа значи дека настапот на Тоше ќе биде забележан од стручните луѓе кои нешто значат во музиката во Европа и без разлика на евровизискиот пласман,може да се очекува негов аранжман и преговор со некоја странска продуцентска куќа.Поволен период е до крајот на јуни и доколку спремно се реагира, печатените и Тв медиуми,ќе ја „пополнуваат“ програмската шема или новинарските интервјуа со новите моменти во неговата кариера. Доколку се обидеме да направиме површна анализа за можниот победник на Евровизија 2004,една од методите на мунданата астрологија е да се види 2005 пролетта кога би се одржал следниот избор за песна на Евровизија!Јупитер догодина е во Девица,а Сатурн само што не поминал од Близнаци кон Рак(се колеба на последните степени).Ова ја отежнува анализата бидејќи Сатурн во Близнаци(дава англосаксонско говорно подрачје),додека Сатурн во Рак ја нагласува поретката група на индоевропски јазици,но сепак.. Доколку се третираат само овие две планети,можно место за Евровизијскиот собир 2005 ,би бил покрај вода(рак),вредна земја со конзервативна политика,позната по производство на храна,лекови и планински туризам како и услуги и индоевропско јазично подрачје.Овој текст е замислен повеќе како забава,отколку да има сериозен пристап и подлабока астролошка анализа.Во секој случај редакцијата на Ина на нашите представници, предводени од Тоше им посакува убаво дружење,достојна презентација на Македонија и успех кој ќе ги ангажирани нашите музички стручњаци, да се зафатат со сериозна работа,„наречена“ Евровизија 2005.Нека им е со среќа!