двомесечен хороскоп септември октомври 2010

Септември 2010 ДвоМесечен Хороскоп Dvomesechni horoskop Најпрво најдете во табела 1 или 2  дали сте во позитивната или негативната група за наредниот период.Потоа прочитајте го текстот за двомесечниот хороскоп за Вашиот знак. Овен:Зголемената храброст после 8 септември искористете ја да си обезбедите поволна позиција на деловно поле ,а посебно доколку работите со трговија , комуникации или берзански активности.Сонцето во 5 поле,може да допринесе за надминување на затегнатите состојби со партнерот!Решителност и предлог како да се продолжи во врската се поволни во првата половина од месецов и после 23.На здравствено поле не претерувајте со месни продукти,а посебно проверете го рокот на траеење!Денови за внимателност од 13 до 15 и околу 23 септември.Спортувајте! Поволен период да се подготвите за важни настани кои следуваат при крајот на октомври, пред се, на полето на нови договори, емотивно или деловно успешни, па затоа Ви се советува активност која Ви е вродена.Успех преку пријатели следи околу 15, по 18 октомври. Совет: Избегнете судски покани во месец ноември или правоврмено платете долг, судска такса и сл. Бик:Работа,домашни обврски и работа.По овој редослед може да течат нештата во месецов,а ваше е да пристапите кон побраза реализации,доколку планирате да имате слободни викенди. Доколку пак имате авантуристичка природа,корисно е да се напомене на неповолниот аспект на марс на 8-тото поле ,кое може да предизвика зголемени тензии на деловено поле и главоболки поради недостиг на време,финансии,суд.Затоа селективно определете ги приоритетите и засучете ги ракавите.Во љубовта деновите околу 5,13до 15 и после 22 носат позитивни вибрации,но внимавајте заостанатите обврски да не ви се одразат на врската со партнерот!Како поволен аспект е за невработените кои својата „среќа“,нека си ја побараат во првта половина од месецов пред бирото за вработување или пак нека директно се јават на работен конкурс поврзан со нивните квалификации. Љубовното поле е на прво место во тековниот месец, а кај родителите обврските околу нивните најмили се во преден план. Се советува да им помогнете во овој месец на Вашите деца, да ги завршат своите обврски навреме,за да следи мирен ноември и декември. Јупитер во 11поле создава можност за влегување во брак, веридба, даден збор и сл., а во втората половина од октомври ве очекува подршка од лице во јавниот сектор. Близнаци: Проблемите на здравствен план од при крајот на август(емоции) ,може да ги растеретите после 3 и 11 септември ,со помош на старо пријателство,и неочекувана предлог соработка.Не размислувајте премногу на подадената рака ,спремно прифатете ја,а по успешниот старт,продолжете со истото темпо до крајот на месецов.Поволни денови се од 11 до 17 и после 24 септември.За помладите Близнаци успех во љубовта околу 13 до17 септември.На здравствен план внимавајте околу 5,18септември и 1октомври.Избегнувајте,препирки и физички активности,а негативната енергија потрошете ја на прошетки со саканото лице. Контактите со пријателите се зголемуваат, па следат деловни предлoзи за соработка и успех на работен план. Доколку во работата вклучите помлади лица од Вас или се поврзете со нив, периодов што следи ќе биде поволен. Доколку, пак, очекувате прилив на средства, исплата или наследство, периодот е поволен ако се најдете во табелата 1 од позитивната група. На здравствено поле, пазете се од настинки или од проблеми со белодробниот систем. Рак.Можни проблеми околу нечии финансии може да ве загрижат во месецов.Немојте да реагирате премногу емотивно,туку обидете се да пронајдете излез со новостекнато пријателство ,кое може да ви даде насока како да го решите овој финансиски проблем! Во љубовта ‚после 5 и 13 септември , превземете „акција “,посебно доколку сте осамени и копнеете по добра забава. Планетниот транзит на внатрешните планети(меркур,венера) ,во оваа првата половина од месецов ве соочуваат со полето на комуникативност и образование и постои можност токму преку овие релации(школо,факултет,образовни системи..)да дојдете до посакуваната цел.Доколку нештата се од материјална природа,ве очекува работен ангажман после 8 и 17 до 21 септември.Поголема доверба во партнерот,после 5 и 17 ќе допринесе за поволен расплет на емотивно поле. Марс- Јупитер опозицијата во вашето трето-девето поле создава загриженост околу финансии или деловен проблем поврзан со странец-политиката(политичар,бизнисмен). Се советува да ги избегнете неповолните 17 и 27 октомври, а можноста за напредок да ја побарате со лица од внатрешноста или со странци, во ноември. Лав:Месец на трошење на финансиски средства!Дали истите се лично ваши или во работното опкружување,извесно е дека ќе имате некакви набавки и потпишување на фактури и сметки!Доколку работите со странство,извесна е поволна спогодба или пак деловен ангажман,кој ќе допринесе да започнете средби со луѓе,со кои планирате да соработувате.Се советува брзо да реагирате ,но и да ги избегнет деновите околу 5 и 17-22 септември.Марс во 2 и Јупитер ретроградно од 8 даваат светлост на 7 природно поле од вашиот знак Лав,а тоа ги потикнува сите видови на договори,кратки патувања и нови партнерства.Но,внимавајте!Марс е и воинствена планета која не знае за пардон и одлагање.Затоа доколку работата е краткорочна бидете брзи и уверливи,доколку сакате соработката да се продолжи во следниот период! Очекувајте добра забава околу 6,11 и после 23 септември.Внимателно со алкохолни напитоци и телефонски разговори со странство! Месец на нови почетоци на деловно поле и можност Вашите идеи од септември да ги спроведете во дело.Успехот е во врска со лице кое има политичка позиција или власт, па Ви се советува да предложите средба-видување.Финансиите се во благ пораст доколку сте во позитивната група, а за останатите нека се пазат од задолжување или прекумерно трошење. Девица:Главна размисла во месецов е како да ги завршите „стасаните“обврски, а при тоа да не се замерите со колегите пшоради нивната неажурност.Дополнително оптеретување може да биде извесен конкурс за пополнување„кадри“ на работен план ,а доколку сте во администрација сфатете го ова сериозно.Посебно доколку месечевиот знак ви е терезија или водолија!Доколку ги „прифативте советите од минатиот месец,веќе сте спремни и следува успешен ,но и напорен месец септември,а плодовите од вашиот труд следуваат при крајот на месецов.Во љубовта како да немате доволно време и оправдани се замерките од партнерот дека не се опуштате во врската или пак сте благо „параноични„ се да постигнете за кратко време!Затоа искористете ги деновите 10,16 и после 23 да си ја повратите природната виталност и било каква активност во природа ќе ви го наполни „батериите“ а потоа полесно се решаваат проблемите!Сепак внимателност е корисна околу 8 и посебно после 25 септември како деловно така и емотивно!Добра вест заостанатите пари ќе ви бидат исплатени. Пријателите можат да ве изневерат во овој месец, па се советува да не го чекате последниот момент, за да побарате подршка или помош во работата. Доколку помалку ги анализирате новонастанатите состојби, а побрзо ги користите понудите за деловна соработка, месецов ќе Ви биде поволен. Доколку сте на возраст од 18, 22, 24 и 27-30 години, извесни се емотивни промени, пред се на љубовен план. Совет: Не се задолжувајте! Терезија:Сонце-Меркур во транзит на вашето поле на пријатели и претпочита за релаксираност и дружење.Ако се додаде влијаниот на Јупитер во шестиот сектор кој кореспондира со служење постари болни и сл,волонтерска работа,здравствени тегоби итн.,извесна е некаква поврзаност при одлуките кои ќе ги донесете со посочениве релации. Удружување и партнерство е корисно во овој период и доведува до успех при крајот на годинава.Во љубовта мала неизвесност и исчекување околу 14-20 ,може непотребно да ве загрижи,па затоа планирајте ги деновите 8,12и после 20 за состаноци со саканото лице!Некаква добивка при крајот на месецов ќе ве расположи. Напорен месец. Се советува побрзо да реагирате на пристигнатите обврски за да не Ви заостанат, па да немате слободно време за потребите на семејството. Во овој период можно е да се нервирате со постаро лице на деловно поле, па Ви се советува да не се конфронтирате. Јупитер во опозиција на Марс Сатурн кај помладите донесува размислување за промена на образованието(доедукација) или адаптација или на простор за живеење. Скорпија:Можеби месецов е последен обид да го надокнадите пропуштеното на финансиски план.Корисно е да ги посетите пријателите и да се договорите за заеднички настап во деловна зделка.Добро би било да ги искористите деновите после 9 септември ,а да го избегнете 12 и 29септември.Очекувајте прилив на финансии кон крајот на месецов.На емотивен план околу 14,22 и27септември ве очекуваат пријатни моменти со партнерот,а поамбициозните скорпии можеби ќе го вовлечат во својата „љубовна мрежа’својот шеф,директор или претпоставен.Ретка можност е во месецов да добиете подршка од спротивставената страна,пред се доколку имате поблаг однос кон истата!Здравје срцеви „прескакања„ - долен абдомен.Совет постете околу 12 и 29септември. Месец на важни одлуки. Односот со пријателите и нивната подршка е пресудна за успех во месецов. Со многу труд и малку среќа извесен е успех на деловно поле на Ваше задоволство од развојот на настаните.Се советува да бидете активни во полето на кариера во средината на октомври. Совет: Пријавете се за нова работа, излезете на испит; едноставно, не одложувајте ги зацртаните планови. Можен е успех. Позитивната група ќе патува во странство. Стрелец:Во првата недела на месецов,планетата марс,заедно со сатурн го транзитира 10 поле(работа,еден родител или негово здравје) и допринесува за некаква одлука во врска со патување или фамилијарни релации.Затоа,корисно е да се обидете да извршите селекција на вашите планови од една ,но и рокови за завршување на работата од другастрана и во најкус можен рок да се зафатите со нивна реализација.Доколку не постапите одговорно следува жестока расправија околу 9-12, и после 26 септември.Овој месец е клучен за ангажмани со странци и треба да бидете похрабри и поодлучни кон нив.Стрелците кои чекаат туристичка или работна виза ,нека се надеваат на позитивен одговор ,посебно доколку имаат 18,24, 30, 36, 42 или 48 години Јавниот сектор и Вашата работа се во нагорна линија во октомври, а дел од вас ќе добијат потребен документ, диплома или сертификат, неопходни за успех во периодот што следи. Се советува да настапите сигурно и решително во периодот од 13 до 21 октомври, но потоа да не направат грешка на релацијата ветено-остварено. Доколку ја минувате 5деценија од животот, се советува да внимавате на срцето или уринарниот тракт(абдомен). Јарец:Кариера во преден план!Поволен период за пробив во секторот на јавниот живот за уметниците,архитектите и сите видови струки поврзани со менаџмент.Нови договори и ангажмани,кратко патување и сатисфакција на започнати проекти со „диригентска“корекција и прекор кон неработниците и забушантите.Неповолен период за политичари и сродни професии,посебно околу 6-10 и по 15 септември. На емотивно пое промени кај брачните партнери (расправии) во овие денови,а младите ги очекуваат пријатни мигови околу 19 и 27септември.Сепак внимателност за родените со месечина во јарец и во непарна година.Купување на некаков имот или техничко средство (алатка) е можно кај приватниците или оние Јарци кои почнуваат со нов бизнис!Здравје вилица и десно колено како можност пред се кај возрасните јарци.Не патувајте во деновите 6,12,19и27. Октомври за вашиот знак донесува нови деловни почетоци и некаков вид на парнерство, ортаклук, тимска соработка. Периодот што следува е поволен на деловно поле, доколку во работата имате повеќегодишно искуство. Се советува да ја проширите Вашата дејност, земајќи предвид дека 2010 год. е поволна на деловно поле. Во љубовта, 7, 11 и по 15-ти, следи убав период. Внимавајте на 13 и 22! Водолија:Одлични почетоци во бизнисот.Доколку летото го искористивте и се одморивте, првата половина од месецов ве очекуваат непланирани издатоци поврзани со дом,уредување и градби.Сепак,главен акцент на месецов е на нов договор или ангажман во сферата на досегашното ваше работење.Тоа подразбира и напредување во бизнисот и реактивирање на деловното поле. Истовремено, се „активира“и полето на јавност и можна е соработка со лица од шоу бизнисот.Секако не пречи да се „продадете“ на повеќе страни,но и да ги запазите сите рокови!Како и да е после 7 и 13 ве очекуваат јасни деловни цели и исполнување на истите.Па,нека ви е со среќа!Здравје- пореметен сон ,може да влијае на нервниот систем,па затоа легнувајте во „културно“ време! Јупитер е во транзит на 2 поле (финансии,дом,градби,едукација), па се очекува плоден период и материјален напредок. Но, за да дојдете до поголем успех не е доволно само ова влијание, туку треба да умеете да ги искористите можностите кои ќе се појават. Затоа, не одбегнувајте соработка, направете подобар распоред на своите активности и не губете време на ситни задоволства. На овој начин успехот ќе биде, скоро сигурен. Евентуално, неповолен аспект се ситните нервози со семејството во периодот по 11 и 18. Совет: Станувајте порано! Риби.Деловните риби ги очекува можно патување или организација на работа во која се вклучени соработници од други градови,но и можност за контакт со лица странци(хуаманитарни,социјални или мониторинг институции).Важен период е после 5 до 12 септември пред се на деловен план(средба,состанок и сл.) и корисно е да се избегнува по секоја цена дискусија за пропустите во врската.Тоа подразбира позитивна мисла,„зачинета“ со романтика и евоцирање пријатни случки во врската.По тој повод купете си некаква „ситница“ да ве потсетува на пријатни мигови ,кога ќе бидете осамени!Здравје Внимавајте околу 11 и 20 ...настинки,малечки незгоди пад на притисок кај постарите риби со несоница! Марс во полето на партнерот,договорите и неостварените желби, ќе делува на Вашето расположение. Се советува да не подпаднете под неговото неповолно влијание, пред се, по 8 и18 октомври. За овој период се советува пост, активност, спорт, јога и сл., за да ја трансформирате оваа негативна енергија. Совет: Партнерот од Вас очекува да ги изразувате чувствата на едноставен начин.