двомесечен хороскоп ноември декември 2010

ноември декември 2010 ДвоМесечен Хороскоп Dvomesechni horoskop Најпрво најдете во табела 1 или 2  дали сте во позитивната или негативната група за наредниот период.Табелата е непроменета и важи за месеците септември,октомври,ноември и декеври.Потоа прочитајте го двомесечниот хороскоп за Вашиот знак.Хороскопот е попрецизен доколку го најдете вашиот знак по ведската астрологија. овен: Вашиот владател планетата Марс е во полето на финансии,инвестиции,имот на другите,па можни се нервози поврзани со роднини или заостанат долг. Периодов е поволен за кусорочни кредити,позајмици или за решавање на потешкотии со законот.Во љубовта,следат искуства кои се на границата на флерт и паралелна врска.Можна е љубомора од партнерот-ката. бик:Ноември е поволен за нови деловни познанства,кои ќе допринесат за деловен успех и договор пред самата нова година.Се советува да не се размислувате за промена на работата доколку резултатите се навестуваат за јануари до април 2011.Во љубовта успех кај помладите Бикови ,во деновите од посебна важност.Овие денови се неповолни за постарите(здравје) и се советува контрола на стомак-бубрези,панкреас,уринарен тракт-бешика. близнаци: Ноември е поволен на емотивно поле и извесни се романтични прошетки и заљубеност со партнерот-ката.Родителите, кои се во неповолната група,нека припазат на своите блиски-можна е е загриженост или нервоза заради финансии,здравје на близок и нивните потреби.Средината на ноември и декември се поволни за нова работа,полагање,купување на имот и сл. рак: Финансиското поле е во преден план во наредниве 2 месеци.можен е разговор договор и некое посредништво со лице родено надвор од Вашиот роден крај.Се советува соработка на деловно поле со странец,пред се доколку се навестува динамика во пролеттниот период 2011.Доколку сте со позитивен Јупитер следи успех и потпис на некаков важен документ.Во љубовта можна врска со помлада особа. лав: Доколку во изминатиов период имавте потешкотии на деловен план, се советува да делувате претпазливо и да го сведете ризикот на најмала можна мера.Доколку се одложи некаков Важен проект за почеток на 2011,постои реална можност истиот да го договорите во Ваша полза(доколку сте во позитивната група).Вашата харизма при крајот на годината е во подем.Пазете се од спротивниот пол доколку имате потешкотии со законот. девица: Полека деловно се растеретувате од изминатиов период, и забрзано ги реализирате зацртаните цели.Периодов што следи е поволен на финансиско поле и следи долго очекуван финансиски прилив.Периодов е поволен и за семејните релации,па се советува да делувате потикнувачки,за да ги подобрите односите со брат,сестра,родител.Во љубовта периодот е поволен во последната недела од ноември- декември.Успех во деновите 11 и 25ноември 8 и 23декември . терезија :Поволен период да преиспитате некои Ваши одлуки на деловно,па и на емотивно поле,но се советува одмереност во упатување на негативните критики.Планетниот рапоред е поврзан Вашата состојба на Умствено поле,а тоа подразбира да не можете јасно да ги согледате поволните и неповолните состојби.Завршете ги обврските правовремено,и припремете се за убав декември пред се на емотивно поле. скорпија: Сатурн е во полето на Вашите пријатели и извесна е промена или оддалечување од некој од нив.Како и да е,Вие сте во групата на нагласено емотивни знаци и доколку размислувате негативно,се зголемуваат притисоците кои ги трпите од околината.Во месец ноември, не ризикувајте деловно или емотивно,а во декември брзо искористете ја можноста за финансиска зделка.Емотивен период по 2,21 и 30ное и 18 и 27дек. стрелец: Доколку во изминатиов период бележевте успех,можно е наредниве 2 месеци да бидете исцрпени како емотивно,така и физички.Совет:Дајте соодветна материјална или духовна жртва!Ситни подароци за Вашите најблиски ,ја намалуваат Ваквата неповолна состојба ,па се советува пријатно да ги изненадите,со мал подарок.Во љубовта ќе бидете пред дилема,со кого и каде за новогодишните празници.Деновите околу 8ноември и 5декември се неповолни и припазете се. јарец: Многу значаен период за вашиот знак.Доколку подготвено реагирате на понудата за деловна соработка,следи успех и поволна финансиска завршница 2010.Кога се напредува во работата,слични ефекти се и на емотивно поле,па извесен е успешен љубовен 2-месечен период.Ова е нагласено за родените со поволен Јупитер(поволна група),а останатите,нека се консултираат доколку не им оди од рака со економист,психолог,астролог. водолија: Јупитер кој владее со Вашето 2-поле на финансиите следната година позитивно ќе делува на Вашата личност,па следи прашањето.„Која е причината за тоа?.“Зголемена е можноста за убава финансиска завршница и успех во јавниот живот(посебно доколку имате поволно поставен јупитер во наталната карта).Декември е позитивен на деловно поле и се советува да ги искористите можностите кои ќе Ви се понудат .Нагласени емоции околу 9,23,и 28ноември и 6,20 и по 25дек. риби:Финансиите може да ве загрижуваат во ноември,но доколку побарате подршка од блиски пријатели декември е позитивен и следи успешен завршеток на 2010.Марс и Јупитер ќе извршат силен притисок на љубовно поле,па доколку сте со позитивен Јупитер извесен е убав период и поинтимен однос со партнерот-ката.За останатите можни ситните недоразбирања околу 4 и 13 ноември и по 2,11 и 29дек. Заинтересирани за изработка на натална карта или годишна карта за 2011 ,нека се јават на тел 02 3060382 после 12 сат или нека упатат барање на мејл atan@t-home.mk со назнака за натална карта или за годишен хороскоп за 2011.