астро анализа евросонг

Овој астролошки текст беше објавен 2004 пред да се знае кој ќе победи на евросонг 2004.Еве после 7 години за првпат е реобјавен во целост.Текстот содржи во себе сложени астролошки анализи поврзани со мунданата астрологија,наталната карта,звуците кои носат успех,денот за настап(интерпретацијата),лицата кои го креираат(backstage) успехот.Деталната анализа е корисна само за ретка група на професионалните астролози,па затоа е иземена.Ова е само популарен осврт за можностите кои ги нуди познавањето на Ведската метрика,нумерологија односно астрологија.

Цитирам: “Јупитер догодина е во Девица,а Сатурн само што не поминал од Близнаци кон Рак(се колеба на последните степени).Ова ја отежнува анализата бидејќи Сатурн во Близнаци(дава англосаксонско говорно подрачје),додека Сатурн во Рак ја нагласува поретката група на индоевропски јазици,но сепак.. Доколку се третираат само овие две планети,можно место за Евровизијскиот собир 2005 ,би бил покрај вода(рак),вредна земја со конзервативна политика,позната по производство на храна,лекови и планински туризам како и услуги и индоевропско јазично подрачје.„

На евросонг победи Руслана со песната Wild Dance и ги изненади стручните лица кои се занимаваат со музика. позната по производство на храна -Украина е земја која по мислење на стручњаците го „хранеше“ огромниот СССР(Советски Сојуз).Прва е во светот по производство на сончогледово масло извор википедиа.Украина е позната и по земјоделското производство и транспортот на природен гас кои се на прво место. лекови Украина со бројката од 23576 фармацевти високо котира како во Европа така и во светот.Доколку коже да се потпреме на статистиката на линкот има приближно број на аптеки(фарацевтски објекти) колку и Русија (!!!)Високо котира како во Европа по производство и редистрибуција на лекови answers google планински туризам и услуги Посебно не треба да се објасни точноста на даденото предвидување,но сепак како куриозитет Украина е во првите 10 земји во светот по број на престој(8-сма) извор wikipedia Покрај Кримската област најголем приход Украина реализира,преку планинскиот туризам (скијање,кајак,лов и риболов,екотуризам,планинарење, параглајдерство, и сл)

Околу пласманот на нашиот преставник беше напишано :

„Едно е извесно!Полуфиналната вечер,кај нашиот представник може да донесе за нијанса послаба планетарна подршка отколку за време на финалната вечер.Тоа подразбира „астролошка“ претпоставка,да Тоше си ја заврши работата како вистински професионалец,и да ги добие симпатиите кај гледачите,но да при гласањето и „политиката“ околу истото, се провлече низ „иглени уши“ за финалната вечер.“

...или преведено поимот „иглени уши“ за нашиот преставник беше пласман како 10-ти од 10 полуфиналисти за финалната вечер на евровизија 2004 (евросонг ). Интересно е да се спомене дека во финалето неговиот пласман беше 14,а 5 тото односно 12 тото место го делеа по 2 земји .Тоа беа, преставниците на Кипар и Шведска(5),односно Малта и Хрватска(12).Ова се совпаѓа со неговиот главен знак по индиска астрологија Девица(Канија) ,која ја пратат „дуални случувања“ во животот.Истотака во полуфиналето бројката е 22,односно 24 земји за финалната вечер Доколку се земе во предвид неговото 10 место во полуфиналето(од 22 земји),последно во групата,негова стартна позиција е во распон од 22 до 24 позиција.

Беше дадено предвидување дека неговиот пласман е за нијанса подобар за финалето,па неговото 14 место е голем успех .Како споредба е Холандија која се пласира за финалната вечер како 6-та(4места подобра од Македонија), за да во финалето го завзеде 20 место(6 места),далеку зад нас. цитат „Тоа значи дека настапот на Тоше ќе биде забележан од стручните луѓе кои нешто значат во музиката во Европа и без разлика на евровизискиот пласман,може да се очекува негов аранжман и преговор со некоја странска продуцентска куќа.“(не треба посебно да се коментира)

цитат „Таа од своја страна допринесува за изгледот на учесниците на евровизија 2004 да биде дијаметрално спротивен од футуристички до едноставен,лежерен и приемчив за широките народни маси!Доколку се повика на оваа енергија ,таа насочува да успехот во вечерта е поврзан со „челично“ сина нијанса на боја,како и ултрамодерна (ејпл мекинтош)сина,сафирна или златно-кафена.“ Победникот Руслана и нејзината танчерска придружба беа цело време во златно жолта(огон и металик сино плава позадина (сцена),облечени во кафена,со метални детали(челично сина).

Беше кажано... „Слогови на песната(или на учесниците) што носат посебен успех се ..ра..,..си..,..са..да.., ..ди...Интересно е да видиме дали меѓу подобро пласираните,ќе бидат овие слогови.“ И во победничката песна,посебно во рефренот е нагласен слогот ДА односно ДИ-РИ .Многу блиску е и слогот си.Всушност сите 5 букви кои се предвидуваа ,беа присатни во победничкиот рефрен!Верувајте, дека ова е ретко предвидување.Претпоставете какво олеснување е да се дадат буквите присатни во рефрените на идните настапи за евросонг или било каква музичка манифестација кои носат успех. За да се биде успешен на ваква манифестација,сите детали(пол,глас,број,одбрана боја,гардероба,детали-знаци,тема и сл.) треба да се во хармонија со фрекфенцијата на денот,часот и минутот на настап.Се работи за отприлика 3 минутен настап. Повторување на осцилација преку слогот која доведува до успех е составен дел на ведската метрика пренесена и во ведската астрологија позната како Џотиш. Можеби ќе биде интересно да се спомене дека досега секојпат кога се осврнував со астролошка анализа и беше побарано од мене натална карта пред евросонг, нашата земја се пласираше во финалето. Симеон Атанасоски atan@t-home.mk интегрален текст